Девет-годишник е најмладиот милиониер во земјава

Најмладиот милионер во денари,во земјава е деветгодишник со остварени нешто над еден милион денари. Ова, меѓу другото, го покажуваат податоците од даночните пријави во Управата за јавни приходи (УЈП) за календарската 2022 година.



„Најмладиот милионер во денари има девет години со остварени нешто над еден милион денари од закупнина додека највозрасниот има 97 години и лани остварил доход во износ од 1,2 милион денари врз основа на пензија и доход од извршена работа“, објави директорката на УЈП, Сања Лукаревска, на денешната прес-конференција.

Со остварен доход од еден милион евра, 24-годишник е најмладиот милионер во земјава во странска валута.