Виктор Стојанов од бугарската фондација „Македонија“ во своите провокативни објави насочени кон Македонија сега нуди пари семејства од Македонија да го променат презимето и наместо „вски“, да завршуваат на „ов“ или „ев“.
За тоа нуди дури 300 евра за таквата промена.
Во својата објава, Стојанов додава дека македонските граѓани треба да ја контактираат бугарската фондација.
Пред десетина дена тој самиот објави и изрази револт од тоа што му бил забранет влез во Македонија на неодредено време.
Фондацијата претходно делеше отпечатени примероци од изданието „Голема бугарска читанка или вториот дел на бугарскиот буквар на наречје поразбирливо за Македонските Бугари“.
Фондацијата „Македонија“ не крие дека за своите операции и дејствија веројатно се консултираат и координират со официјалните бугарски институции, што може да се забележи од објавените заеднички фотографии со директорката на Бугарската агенција за дијаспора.







