САД ги отфрлаат повиците за прекин на огнот меѓу Израел и Газа

САД ги отфрлија повиците од сите странани на свертот за прекин на огнот меѓу Израел и палестинската група Хамас, тврдејќи дека тоа не е „вистинскиот одговор во моментов“.



Портпаролот за национална безбедност Џон Кирби, предложи „паузи“ за да се дозволи испорака на помош во Газа, пренесе Би-Би-Си.

Во моментов, резервите на храна, вода, гориво и лекови за 2,2 милиони жители на Газа се опасно мали.

Но, Израел вети дека нема да има прекин на огнот додека Хамас не биде разбиен.

„Повиците за прекин на огнот се повици до Израел да му се предаде на Хамас, да му се предаде на тероризмот… тоа нема да се случи“, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Говорејќи на брифинг со новинарите, Кирби рече дека е убеден дека повеќе камиони со помош ќе можат да влезат во Газа преку Египет.

Тој рече дека САД разговарале со израелската влада за зголемување на бројот на камиони што ја минуваат границата секој ден на околу 100.

Филип Лазарини, генералниот комесар на агенцијата за помош на ОН УНРВА, претходно изјави за Би-Би-Си дека околу 500 камиони дневно влегувале во Газа пред да започне војната.