Речиси милион евра ќе ја чини државава изнајмувањето автомобили, за самитот на ОБСЕ во Скопје.
МНР склучи милионски договор во два дела кој е објавен на сајтот за јавни набавки. Првата сума е 56.640.000 денари или речиси еден милион евра и е во времетрање од четири месеци, а набавката се прави исклучително за потребите на самиот на ОБСЕ, а вториот дел од договорот е речиси 40 илјади евра (2.360.000,00 денари ) и ќе трае една година за редовните потреби на министерството .
Во поголемиот дел од договорот пишува дека ќе бидат изнајмени вкупно 175 возила кои ќе се користат 7 до 8 дена. Ќе се плаќа 19.200 денари на ден без ДДВ за мини комбиња за 8 патници и минубиси за 20 патници, па се до 29.000 денари на ден за ВИП моторно возило кое треба да ги има следниве многу специфични перформанси – минимална ширина од 1.820 сантиметри и минимална должина од 4.767 сантиментри, зафатнина од минимум 1.600 сантиметрикубни и моќност од најамлку 120 коњски сили. Ова возило мора да биде црно и да не е постаро од 2014-та година.
Организацијата на конференцијата на која треба да гостуваат 70 министри на ОБСЕ и нивните делегации ќе го чини буџетот 5 милиони евра.
Од нив 1,8 одат кај „Еуровиа”, фирмата која се појавува како еден од главните донатори на партијата ДУИ за да ја потготви салата Борис Трајкоски
Извор : https://alfa.mk/milion-evra-za-rentane-avtomobili-za-gosti-nov-tender-na-mnr/






