Слаб напредок во слободата на медуимите во Македонија

Македонија во последните години постигнува извесен напредок во однос на слободата на медиумите кој не е кохерентен и донекаде е ограничен, заклучува
Мисијата за проценка на состојбата со слободата на медиумите во извештајот насловен „Слободата на медиумите во Македонија: напредок на стаклени нозе“.



Во извештајот Генералниот секретар на ЕФЈ, Рикардо Гутиерез, на денешниот настан во рамите на Деновите на медиумската писменост во Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) посочи дека во извештајот има позитивни наоди за работата на новинарите, но, како што рече, „постои простор во јавниот интерес во земјата што ги води јавните служби да донесат погрешни одлуки за вистинските работи“.
Во истиот дадени се наодите и препораките што произлегуваат од меѓународната мисија за проценка на медиумската состојба во земјава што се одржа од 5 до 7 јуни годинава во организација на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Проценката на состојбата ја вршеа Европскиот центар за слободата на печатот и медиумите (ЕЦПМФ), Европската федерација на новинари (ЕФЈ), Фри прес анлимитид (ФПУ), Меѓународните институт за печат (ИПИ) и Обсерваторијата за Балкан и Кавказ Трансевропа (ОБЦТ) кои одржаа состаноци со носителите на одлуки во земјава релевантни за медиумскиот сектор.

Извор : https://plusinfo.mk/napredok-na-stakleni-noze-izveshta-za-slobodata-na-mediumite-vo-makedoni-a/