Утринава по налог на шефот на Обвинителатвото за организиран криминал Ислам Абази се вршат претреси и апсења на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид.
Меѓу локациите каде се оперира не се Гостивар каде тој работеше како обвинител и градот каде е седиште на неговите политички ментори Тетово.
Сите четири општини каде се апси се под раководство градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ а нема интервенција во ниту една општина под контрола на СДСМ.
Од раните утрински часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција со асистенција на единиците од МВР на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид извршува претреси и се приведуваат осомничени лица.
Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, под кодно име „Синџир“, за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството што обвинителството ја спроведе со Управата за финансиска полиција и истражители од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
По завршување на акцијата обвинителството на Абази кој е човек на ДУИ детално ќе информира за предметот.
Абази пред да биде избран за шеф на Обвинителството за организиран криминал се сликаше со братот на Али Ахмети и шоферот на лидерот на ДУИ. (НА ФОТОГРАФИЈАТА)






