Артан Груби е заштитно лице на Бехтел и Енка, ова е оценката на пратеничката Гордана Силјановска Давкова на дебата во собранието.
Професорката Силјановска се чуди што Груби како вицепремиер за политички систем се занимава со многу други работи освен со тоа што му е работа според законот за влада.
,,Првиот заменик премиер има измислено, подарено Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците (небулоза), ама ниту закон, ниту тој се појавиле во истоимената комисија во собрание. Делува како слободен стрелец, ту се бави со економија, ту со партија, ту со реклама. Дури и менаџер и заштитно лице на „Бехтел и Енка“ стана”, вели професорката за еден од најконтроверзните членови на владата кој не ја работи својата работа а е инволвиран во многу други сомнителни проекти.
Видеото на Силјановска на линкот





