Трамп ќе ја врати забраната за влез на муслимани во САД, ако биде реизбран

Доколку тој биде реизбран за претседател, Доналд Трамп вети повторно воведување на контроверзната забрана за влез во САД на граѓани од голем број претежно муслимански земји, .



„Ќе ги држиме радикалните исламски терористи по ѓаволите надвор од нашата земја“, рече Трамп пред публиката што присуствуваше на годишниот самит на Републиканската еврејска коалиција.

„Се сеќавате на забраната за патување? На првиот ден ќе ја вратам забраната за патување“.

На почетокот на неговото претседателствување во 2017 година, Трамп воведе опсежни ограничувања за влез на патници од Иран, Либија, Сомалија, Сирија, Јемен и, првично, Ирак и Судан.

Наредбата брзо беше оспорена на суд како дискриминаторска против религиозна група, но забраните, заедно со тврдокорната антиимиграциска агенда на Трамп, беа популарни во неговата база.

Претседателот Џо Бајден ја укина забраната во неговата прва недела на функцијата во 2021 година.