Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека Starlink на SpaceX ќе ги поддржи комуникациските врски во Газа zа „меѓународно признати хуманитарни организации“.



Прекините телефонски и интернет врски ги изолираа луѓето во Појасот Газа од светот и едни од други во саботата, при што повиците до најблиските, службите за итни случаи или колегите на друго место беа речиси невозможни откако Израел го прошири својот воздушен и копнен напад.

Израел соопшти дека ќе се бори против ветувањето на Илон Маск да обезбеди сателитска услуга Starlink на хуманитарните организации во Газа. Министерот за комуникации на Израел, Шломо Кархи, на социјалните мрежи напиша дека Хамас ќе користи таква сателитска услуга за терористички активности.

„Можеби Маск би можел да постави услов, да им понуди сателитска услуга во замена за ослободување на киднапираните бебиња, синови, ќерки, старци…

А дотогаш, мојата канцеларија ќе ги прекине сите врски со Starlink“, објави Кархи, како што пренесува Си-Ен-Ен.