Првиот полицаец ќе се обрати на конференција за женско лидерство

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе се обрати на Академијата за женско лидерство која започна вчера, а на која учествуваат жени лидерки од социјалдемократските партии од регионот.



Во рамки на Регионалната социјалдемократска Академија за женско лидерство, во организација на фондацијата „Фридрих Еберт“, ФЕС Дијалог Југоисточна Европа, денеска потпретседателката на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе дебатираат на панелот „Влијанието на анти-родовото движење на агендата на жените, мирот и безбедноста“.

На Академијата, која започна вчера, учествуваат жени лидерки од социјалдемократските партии и граѓански организации од Македонија, Србија, Албанија, Грција, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.