Во судирите меѓу израелската армија и групата Хезболах се раселени речиси 30.000 Либанци, покажуваат податоците на Агенцијата за миграција на ОН заклучно со петокот.



Меѓународната организација за миграција на ОН соопшти дека 28.965 луѓе ги напуштиле своите домови во близина на границата со Израел.

Мнозинството се преселило да живее кај роднините во безбедни области или изнајмило куќи.

Досега 46 членови на Хезболах и тројца израелски војници се убиени во граничните судири од 8 октомври.

Покрај тоа, четворица цивили, меѓу кои и еден новинар, ги загубија животите во Либан, а еден цивил загина во Израел.

Хезболах поддржан од Иран започна напади против Израел, предизвикувајќи стравувања дека групата има намера да отвори фронт од Либан за поддршка на својот сојузник Хамас.

Израел изврши прекугранични напади и бомбардирања на Либан.