Новинарот на ТВ24 Сеад Ризвановиќ изразува неверување за тоа што Македонија денеска не гласал за прекин на огнот во Газа со цел да се достави хуманитарна помош.
,,Генералното собрание на Обединетите нации усвои нацрт-арапска резолуција со која се повикува на итен хуманитарен прекин на огнот за да се стави крај на непријателствата во Газа.
За резолуцијата гласаа 120 земји. Против беа 14, и тоа САД, Хрватска, Австрија, Чешка, Унгарија, Израел, Парагвај, Фиџи, Гватемала, Тонга, Науру, Микронезија, Маршалските Острови и Папуа Нова Гвинеја.
Од регионот: Словенија, БиХ и Црна Гора гласале за резолуцијата, додека Србија, Албанија, Македонија, Бугарија и Грција биле воздржани?
Воздржани против прекин на огнот?”, прашува реторички Ризвановиќ кој во пост скриптум додава дека за да биде попрецизен објавува дека поради политички игри во ОН, воздржани се и Ирак и Тунис.
Неверојатно…, вели очигледно револтираниот Ризвановиќ кој не може да прифати дека неговата земја не гласала против хуманитарен прекин на огнот во Газа.
Амбасадор на Македонија во ОН е Љубомир Фрчкоски а негови шефови се претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи кој му е директен претпоставен.






