Спасовски „сам себе убијал“ со статистиката за убиствата

Иако веќе три дена нема абер од пукачот врз две лица во „Ист гејт“, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се обидува да ја смири јавноста со „имаме осомничени лица кои би можеле да бидат сторители“ (?!) и со нова статистика за убиствата, но Твитер-профилот „Македонско девојче“ го разобличи во неколку чекори:



„Друже, имаш луфта една година (2016 – н.з.). Опсегот ти е со различен интервал (9 и 6 год.). Веќе кога работиш со статистика нека ти ги сервираат работите како што треба. Инаку, на првиот график имаш нерасветленост на убиства од 11,5 проценти (за 9 години), а на вториот 10,2 отсто (за 6 год.), разлика 1,3 отсто. Што е на ниво на статистичка грешка! Мафтај друг! Нека не те лаже началничката! А и да, плус во периодот 2017-2023 имаш 2 години каде бевме под мерки заради спречување на ширење заразна болест (КОВИД-19). Карантин, изолации…“, му реплицира „Македонско девојче“ на Спасовски и на неговата весела математика.