Битиќи се обиде да манипулира за државниот долг, соочен со фактите мораше да се повлече(ВИДЕО)

Вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи се обиде да манипулира за државниот долг но соочен со фактите се повлече пред уредникот на емисијата Само интервју на Канал 5 Гоце Михајловски.



Запрашан за двојно зголемување на државниот долг Битиќи рече дека долгот не требало да се гледа во апсолутни бројки туку во проценти.

Но кога Михајловски му ги прочита и процентите и апсолутните бројки за двојно зголемиот долг на државата направен за време на владеењето на СДСМ од 2017 година вицепремиерот немаше што да каже и потврди дека Михајловски бил во право.

Тоа укажува дека или Битиќи не ги знае бројките на задолжувањето или сакаше да манипулира со катастрофалното ниво на долгот за кое виновна е неговата партија СДСМ.

Делот од разговорот каде што Битиќи прво негира зголемен долг

Целото интервју со Битиќи