Одложувањето на членството на Бугарија во Шенген е загрижувачко, изјави потпретседателката Илијана Јотова, цитирана од БНР од каде ги повика институциите да се обединат на оваа тема.
Таа го критикуваше премиерот Николај Денков што не реагирал на говорот на холандскиот премиер Марк Руте, кој побарал „чесен извештај“ од ЕК за тоа дали Бугарија е подготвена да се приклучи на Шенген.
Холандија не ја пушта Бугарија во Шенген зоната
Според неа, Бугарија веќе ги исполнила сите критериуми за членство.
„Бугарија не треба постојано да биде во позиција земја која моли“, рече Јотова.







