Пензионерите на 7 ноември ќе се соберат пред амбасадите – бараат достоинствени примања

Највозрасните граѓани во земјава не се откажуваат од своите барања. Пензионерите решија да се соберат пред амбасадите на 7 ноември. Пензионерите од цела држава ќе организираат голем собир пред амбасадите во Скопје, а не пред зградата на Владата, со цел да и тие да ги слушнат нивните барања. Тие бараат линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари за сите пензии и минимална пензија од 20.000 денари. Иницијативните одбори на пензионерите кои од летото протестираат денеска во Свети Николе се договорија тој протестен собир да се одржи на 7 ноември.



Остануваме сплотени и покрај притисоците врз нас и етикетите за некакво политичко влијание врз нас, ние сме сериозни луѓе во години и не е убаво така да бидеме обвинувани. Ако Владата не може да ги реализира нашите барања, тогаш да заминеме во странство“, ѝ порачаа на власта пензионерите.

Пред амбасадите ќе бараат помош и правда за пензионерите со мали примања. Претходно, пензионерите протестираа во повеќе градови. 

Паралелно, пензионерите ќе бидат опфатени со новиот пакет на антикризни мерки, исто како што беа опфатени минатата година и на почетокот на оваа година преку енергетскиот пакет кои им се нудеше. Ова го изјави заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи. Вицепремиерот освен најавата за пакетот антикризни мерки кој ќе им биде понуден на пензионерите се осврна и на воведувањето на минимална пензија, која треба да биде законски дефинирана, затоа што Владата сака системски решенија на проблемите.