Вчера неуспешни преговори Курти-Вучиќ во Брисел за Косово со посредство на ЕУ и таинствена средба Гренел-Ахмети-Груби во Скопје

„Ричард Гренел, поранешниот советник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, вчера, на 26 октомври 2023 година се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со првиот вицепремиер Артан Груби.“ – објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“.

„Журнал“ пишува: Гренел не открива детали на општествената мрежа инстаграм од оваа средба, но од објавената фотографија се дознава дека средбата била одржана во вицепремиерската канцеларија на Груби во Скопје.

Груби и Ахмети не објавија соопштение од оваа средба.