„Идентитетот бетон“: Македонските ракометни кадети во Романија под кратенка НМА?!

Иако и според Преспанскиот договор меѓународниот код за Македонија останува МКД, во Романија измислија нов, па во директниот пренос на интернет од натпреварот со Египет на „Трофеј Карпати“ во Плоешти македонската кадетска ракометна репрезентација ја водеа под кратенката НМА?!



Подновениот состав на „црвено-жолтите“ во однос на тимот што во август го освои деветтото место на Светското првенство во Хрватска поради надминувањето на старосната граница на најголемиот број тогашни репрезентативци загуби од Египѓаните со 35:21 во дебито на новиот селектор Наум Танески.