Децата од основните училишта и натаму се приморани да учат од скрипти. Конккретно, учебникот „Историја и општество“ за петто и за шесто оддееление ќе доцнат уште некое време, зашто не се пријавиле професори да ги рецензираат. Учебникот беше повлечен лани, поради стотици грешки во него. Министерот за образование Јетон Шаќири, се надева дека проблемот ќе биде надминат, но рече дека не чувствува вина за тоа, ниту тој ниту бирото за развој на образование.

- Има проблеми со учебниците по „Историја и општество“ за петто и за шесто оддееление, се оправда Шаќири.
Претходно тој најави дека учебниците ќе стасаат до крајот на септември, или најдоцна до почетокот на октомври, што не се испочитува. Најдоцна до крајот на ноември, вели, Бирото за развој на образованието ќе ги достави новите програми за седмо одделение, за да стигнат навреме да се испечатат за наредната учебна година.

- Имаше ситуации каде што за одредени учебници требаше да се работи на графичко-техничка регулација, a некои автори побараа некои делови од учебниците да се коригираат. Затоа се доцнеше, се оправда Шаќири.
И додека се чекаат нови книги, старите беа со еден куп грешки. Па така на пример во учебникот по географија авторите напишаа дека Албанија ни е источен сосед, а ги згрешија и знамиња, па и го пораснаа Монт Еверест. Претходно, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација реагираше дека учениците од седмо, осмо и деветто одделение немаат нови учебници по историја, затоа што се чека заедничката историска комисија со Бугарија да заврши со работа, и затоа не печателе нови учебни материјали. Токму затоа, Комисијата најави тужба од јавен интерес против министерството, под образложение дека на најмладите им го повредиле правото за еднаков пристап до квалитетно образование.





