Професор Трајковски : Зошто ја реновираа железницата ако се сведува на еден воз неделно?

Од 25 октомври ќе бидат укинати по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје, а во сообраќај по овој датум ќе остане само по еден пар возови дневно. Оваа најава предизвика низа негодувања кај граѓаните
Професорот од Техничкиот факултет во Битола Дејан Трајковски праша:



Зошто ги реновираа железничките станици и купуваа кинески возови, ако планираа да ја сведат железницата на еден воз дневно?
Зошто градеа топловод од РЕК Битола до градот, купуваа резервен трансформатор и ги ревиталиизираа котлите, ако знаеја дека од 2026 година ќе започне затворањето на термоелектраните?
Зошто лани фрлија 300 милиони евра за увоз на електрична енергија, наместо со половина од тие пари да подигнеа кредит и сами да ја изградеа ПАХЕ “Чебрен” и да не ја раскрчмуваа ХЕ “Тиквеш”?
Зошто не градат државни фотонапонски и реверзибилни хидроелектрани штом знаат дека ќе останеме без струја за 7 години?
Тој што умира од жед нема време за копање бунар, наведува професорот во својата анализа на темава.

Извор : ФБ Статус
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02VVhbszhGrWxvJW5K9tv1vs694rGPvq2Etr9HGhvhxHa74yHrRRFs7aHdTSRHnQiPl&id=100015555820636&mibextid=Nif5oz