Врвот на АА го заострува ставот кон владиниот партнер ДУИ – Фетаи: Не смее да биде амнестирана, туку треба да оди во опозиција!

„Арбен Таравари како лекар и претседател на Алијансата за Албанците кажа дека ДУИ е рак на општеството. Министерот Азир Алиу како професор по информатичка технологија и министер за информатичко општество и администрација укажа дека во ДУИ влегол вирус. Појасно не може да биде кажано.“ – вели Арбен Фетаи, шеф на кабинетот на лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари и раководител на институтот за јавна политика „Арбер Џафери“, во објавата на својот фејсбук-профил, која ја пренесе весникот на албански јазик „Лајм“.



Натаму Фетаи пишува: Секој на својот јазик кажува дека ДУИ не смее да биде амнестирана, туку оти треба да оди во опозиција. Алијансата за Албанците влезе во Владата не за да би се приспособила кон ДУИ, туку за да им даде можност на земјата и на Албанците. АА останува главна сила против корупцијата и за промена.