На пола час од Скопје се отвара нов дел во еден од најексклузивните шопинг центри на Балканот

На половина час од Скопје со возило се наоѓа еден од најексклузивните шопинг центри на Балканот каде во петок се отвора нов ексклузивен дел.



Успешната приказна на трговскиот центар Палма Мол од Тетово продолжува. Цели 9 години успешно работење како лидери во регионот, тие го заокружуваат со пуштање во употреба на новиот модерен капацитет, поголем, најмодерен и со ексклузивни брендови.

Палма Мол како трговски центар, заедно со новиот дел што во моментов завршува со градба и официјално ќе биде пуштен за посетители во петок на 27 октомври, се простира на 77.000 метри квадратни од кои 38.000 метри квадратни се изнајмени простори за клиенти, додека 22.000 метри квадратни се внатрешен паркинг простор на две подземни нивоа.

„На наше и ваше задоволство во Палма Мол се позиционирани и присутни преку 150 дуќани и брендови, од кои дури 75 отсто се интернационални светски брендови, и со тоа уште еднаш покажуваме зошто сме лидери во регионот и овој регион го доближуваме преку нас рамо до рамо со светот.

Со гордост можеме да најавиме дека за прв пат во нашиот град, токму кај нас, доаѓаат новите брендови од ЛПП Групација, „Ризрвд“, „Синси“, „Мохито“, „Кроп“, „Хаус“, потоа Де Факто, Бургер Кинг, Уста Донер, Збаро, Нептун, Хомакс, Беџети Премиум, Опен, Ени Свитс со најнов уникатен концепт, АЈКОС стор, А1 стор, Кајра Вомен, Фанзон – ворлд оф фан, Саат Ве Саат, Том Тејлор со најнов концепт, Каубој Кенди и воедно за идната година имаме веќе официјално најави и преддоговори со нови светски брендови кои за прв пат ќе влезат кај нас ексклузивно.

Секако да ги споменеме и некои од нашите соработници кои веќе се позиционирани кај нас во трговскиот центар и успешно работат со години, тоа се ДМ, Рамстор супермаркет, ЈИСК, Комодита, Мадам КОКО, ЛЦ Вајкики, Парфоа, Сфаровски, Пандора, Баз, Спорт Вижн, Спорт Риалити, Спорт-М, Кемофармаци, Џокс Премиум, Тудорс, Сара Фешн, Пенти, Пизеро, Зухре, Шатци парфимерии, МајТајм, Идеал Хоум, ФЛО, Пекон бејкери, Емпориум, Офис Плус, Мис Спајс“, соопштуваат од менаџментот на Палма Мол.

Вкупниот капацитет на паркинг просторот изнесува 1.450, од кој 1.100 внатрешни, на две подземни нивоа, паркинг места и 350 надворешни паркинг места.

„Ова е одлична можност за нашите посетители.

Палма Мол со над 1.600 вработени е еден од лидерите во регионот.

Со тоа би сакале да ги охрабриме сите оние кои сакаат својата кариера да ја градат во некој од брендовите на Палма Мол, да ги следат огласите за вработување и слободно да се охрабрат да го направат првиот чекор.

Ве очекуваме на официјалното отварање за посетители на 27 октомври, во петок во Палма Мол. Очекувајте многу забава“, соопштува менаџерскиот тим.

Најчитани вести

И градоначалници на мали општини прават голем непотизам, си ја земал фамилијата на шетање