Ковачевски пред посетата на Фон дер Лајен: Најдобри сме!

Пред најавената средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, премиерот Димитар Ковачевски е уверен дека ЕУ сака да ја види Македонија како дел од европското семејство, со оглед на тоа што, како што вели, ние сме најдобрата држава во регионот.



„Ние сме држава што во моментот е најдобра во регионот и секако дека и Европската Унија што веќе го почна процесот за свое реформирање и ќе прима нови членки, сака да ја види земјата како дел од ЕУ оти оној што е најдобар треба и прв да влезе“, рече Ковачевски.

Како што додаде, тој не би користел зборови, како „убедување“, кога станува збор за посетата на Фон дер Лајен бидејќи такви споредби милува опозицијата. Наспроти тоа, Ковачевски рече дека во земјата пристигнува голем пријател.

Премиерот смета дека единствената идеја што секогаш ќе биде водилка на нашата држава е идејата за европска Македонија.