Поддржувач на СДСМ кој важи за ,,Бот” на владеачката партија а кој е брат на судијка ги обвини Телма, Канал 5 и Сител дека се телевизии на ВМРО-ДПМНЕ.
Боби Илиевски кој е еден од најактивните промотери на политиките на СДСМ и постојан критичар на ВМРО-ДПМНЕ јавно ги обвини трите национални телевизии дека се пропагандисти и извршители на ,,Белата Палата” како што од власта го нарекуваат седиштето на опозициската партија.
Причината за нападот врз националните телевизии од Илиевски е што тие имале интервјуа со тројца претставници на ВМРО-ДПМНЕ.

Илиевски е брат на судијката Оља Ристова која на трибина јавно кажа дека не се гонат сите инволвирани во скандалот ,,Пасоши за криминалци” во кој Оливер Спасовски дал 215 пасоши на светски мафијаши но Илиевски никогаш не го обвини Спасовски дека работи за криминалци како што сега без основа ги обвинува телевизиите за соработка со ВМРО-ДПМНЕ.
Предходно напади врз главните уреднички на ТВ 24 и Сител за наводна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ имаше и од друг поддржувач на СДСМ.
По нападот врз Додевска од ТВ24, Костовски ја нападна и Арсова од Сител






