Владејачката партија Фидес, предводена од популистичкиот премиер Виктор Орбан, кој се смета за единствен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин во ЕУ и има апсолутно мнозинство во унгарскиот парламент, ја одложи кандидатурата на Шведска од јули 2022 година.
Денеска пратениците на Фидес го блокираа предлогот за закажување на гласањето, изјави Агнес Вадаи, пратеник од унгарската опозициска Демократска коалиција и поранешен државен секретар во Министерството за одбрана.
Следната можност да се гласа за ратификацијата ќе биде на собраниската седница која ќе започне на 6 ноември.
Унгарија е последната пречка за членството на Шведска во НАТО, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот поднесе протокол до турскиот парламент за одобрување на приемот.







