Турски цариници заплениле речиси 55 килограми кокаин во автомобил на една странска амбасада во Софија, јавуваат бугарски медиуми.
Автомобилот бил со дипломатска регистарска табличка и бил на амбасадата на една јужноамериканска држава во Софија.
Автомобуилот на турскиот граничен премин пристигнал од бугарскиот граничен премин „Капетан Андреево“.
Турските цариници се посомневале и го подложиле автомобилот на проверка, при што бил пронајден кокаин спакуван во 52 пакувања скриени на различни места.
Возачот и лицето кое било во автомобилот, чии имиња не се соопштуваат, се приведени од судот во Едрене под обвинение за трговија со дрога.







