На каснати од куче, лани во Прилеп исплатени 100.000 евра

Минатата година Општина Прилеп заедно со ЈКП „Комуналец“ исплатиле над 100.000 евра како оштета кон граѓните за каснување од кучиња скитници.



Заедно со сите трошоци во просек, по лице, од каснување од куче се исплаќале по 1.000, дознава Сител.

. Иако уште не е пресметано, слична сума се очекува да се исплати и оваа година. Но од Општината се сомневаат дали сите овие каснување се реални и затоа побарале од надлежните да се испитаат случаите.

„Покажавме загриженост за големата сума на пријавени лица каснати од кучиња и методологијата како се докажува и верификува веродостојноста на повреденото лице. Поддадов и барање и до Јавното обвинителство да спроведат истражување и постапка доколку согледат доколку има неправилности во методот на докажување“, вели Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.