
Пред три дена министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека целосно ги разбиле криминалните групи, а денеска, среде бел ден, нова криминална пресметка во трговски центар во Скопје. Во тој трговски одат секакви категории на лица: возрасни, млади, мажи, жени, родители со деца… Спасовски повторно ја излажа јавноста, обвини пратеникот од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
Тој побара од министерот да си поднесе оставка.
„Граѓаните не се безбедни и повторувам: Полицијата под раководство на СДС и на ДУИ нема никаков авторитет, МВР е мртво ткиво. Наместо Спасовски да тера кампања за претседател, треба да си поднесе оставка“, напиша Ковачки на Фејсбук.





