Македонските ракометари денеска од 20.30 во Вараждин играат со Шпанија, селекција која во втората групна фаза од 13 Европско машко првенство влезе со два, односно бод помалку од нас. Мечот од полуфиналната група 2 е прв за нас, но и за Шпанците иако дел од селекциите веќе имаат по еден меч, а Германија и Данска ќе имаат и втора средба попладнево од 18.15 во Вараждин.
Ние до сега шпанските ракометари не сме ги победиле во петте официјални соочувања и во сите нив сме губеле ( од 4 до 12 разлика) што не става во ситуација на голем императив, но со оглед на двата триумфа и ремито со Германија во составот Ц во Загреб наспротив двете победи и поразот од Данска на црвена фурија во Почер во конкуренцијата Д, ние и не сме и не би требало квалитативно да бидеме така далеку од противникот кој, секако, важи за фаворит.