Станува ли Македонија презадолжена држава?! Јавниот долг како никогаш до сега

Јавниот долг на земјава веќе ја надмина психолошката граница од осум милијарди евра, достигнувајќи на крајот на јуни годинава 8,34 милијарди, анализира Фактор. Притоа треба да се напомене дека во јавниот долг влегува и долгот на државата, но и долгот на јавните претпријатија за кои таа го гарантира нивното враќање, што би значело дека ако тие „заглават“ со исплатата на обврките кои ги презеле, сепак ќе ускокне државниот буџет и ќе ги покрие. Затоа и јавниот долг се смета како клучниот фактор кога се мери задолженоста на една држава, а многу побитно е колкав процент од вредноста на бруто домашниот производ зафаќаа, во смисла дали може да се осигура исплата на ратите кои ќе достигнуваат со текот на годините.



Порталот направи анализа за тоа како се движеле јавниот и државниот долг почнувајќи од 2015 година, па се до крајот на вториот квартал оваа година, според податоците кои ги објави Министерството за финансии.

Од нив може да се види дека оттогаш па наваму јавниот долг на државата е зголемен речиси двојно, односно ако 2015 година на крајот тој изнесувал 4,23 милијарди евра, веќе на крајот на јуни 2023 година достигнал 8,34 милијарди. За тоа, пак, кога бил најопасен јавниот долг и кога ги надминал дозволените граници, треба да наведеме дека тоа се случило на крајот на 2021 година, можеби поради корона кризата, кога јавниот долг ја пробил психолошката бариера од 60 проценти и се искачил на 61 отсто од БДП. Повеќе на Фактор.мк.