Која компанија од соседството за „онлајн“ игри на среќа влегува во Македонија?!

Најголемата бугарска компанија за „онлајн“ обложување Телематик Интерактив Бугарија влегува со бизнис одлука во Македонија, објави Фактор. Акционерското друштво за приредување игри на среќа, како што дознава порталот, влегува на македонскиот пазар преку преземање на удели од веќе постоечка фирма во нашата земја. Станува збор за компанија чие собрание на акционери летото донесе одлука за распределба на дивиденда од остварената добивка од 11,55 милиони евра за 2022 година.



За Телематик Интерактив Бугарија АД, како што е објавено на нивниот веб-сајт, пишува дека е носител на лиценцата на една од најголемите платформи за казино игри и спортски облози во Бугарија – Palms Bet и е сопственик на провајдерот на содржини за игри CT Interactive.

Откако лани се трансформира во акционерско друштво, пазарната капитализација на операторот надминала 100 милиони евра, што го рангираше меѓу 20-те најголеми друштва на бугарската берза. Истата година акцијата на компанијата која оперира под марката Palms Bet беше една од најтргуваните на берзата. Повеќе на Фактор.мк.