Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги помеша лидерите на Турција и Унгарија во предизборниот говор во понеделникот во Њу Хемпшир.



„Има еден тип, Виктор Орбан, дали некој слушнал за него?“, ги праша Трамп своите слушатели.

„Тој е веројатно еден од најсилните лидери во светот. Тој е лидер на Турција“, рече поранешниот претседател.
(Претседател на Турција е Реџеп Ердоган, а Виктор Орбан е премиер на Унгарија).

Понатаму, Трамп додаде дека „Орбан се граничи со Русија“.
(Но, ниту Унгарија, ниту Турција немаат граница со Русија).

Трамп претходно го пофали Орбан, кој се противи на миграцијата и правата на ЛГБТИ и го нарече неговиот стил на владеење „нелиберална демократија“. Трамп го угости во Белата куќа во 2019 година.

Орбан беше првиот европски лидер кој ја поддржа претседателската кампања на Трамп во 2016 година и до неодамна тврдеше дека победил и на изборите во 2020 година.