Кремљ ги отфрли шпекулациите за здравјето на претседателот Владимир Путин, со тврдење дека шефдот нба уската федерација е здрав.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на редовен брифинг со новинарите, исто така ги негираше шпекулациите дека претседателот користел двојници, нарекувајќи го тоа „апсурдна измама“, пренесе Ројтерс.
Новинарите го прашаа Песков за здравјето на Путин по шпекулациите дека рускиот претседател имал сериозен здравствен проблем во неделата навечер.
Путин, кој тренираше џудо и долго време негуваше имиџ на „човек од акција“, на 7 октомври наполни 71 година. Тој одржува напорен распоред на состаноци и јавни настапи, многу од нив на телевизија.
Тој беше посета на Кина минатата недела.
Во интервју во 2020 година, Путин ги негираше долгогодишните гласини дека користел двојници, иако рече дека му била понудена шанса да користи таво нешто во минатото од безбедносни причини.
Во април оваа година, Песков рече дека гласините се „уште една лага“ и дека Путин е во завидна здравствена состојба.





