Османи: Прво уставни измени, па избори кога сака опозицијата

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска одново повика да се изгласаат уставните измени, а потоа ќе се распишат изборите и тоа во термин кој ќе го предложи опозицијата.



ВМРО-ДПМНЕ излезе со конкретен предлог, да се одржат идната пролет, помеѓу двата најголеми верски празника, Велигден и Рамазан, а СДСМ останува на ставот изборите да бидат наредната година во редовниот термин, прво претседателските, а потоа и парламентарните.

Османи нагласи дека доколку ВМРО-ДПМНЕ ги изгласаат уставните измени, ќе се остави тие да одлучат кога ќе бидат изборите.реклама

„Кога и да сакаат. Денеска, утре, задутре, веднаш по изгласување на уставните измени“, рече Османи.