Некои од акциите на Израел во неговата војна против Хамас, како што е прекинот на снабдувањето со храна и вода за Газа, може да ги „зацврстат ставовите на Палестинците со генерации“ и да ја ослабат меѓународната поддршка за Израел, изјави вчерапоранешниот американски претседател Барак Обама.
Во ретките коментари за активната надворешно-политичка криза, Обама рече дека секоја израелска воена стратегија што ги игнорира човечките жртви од војната „на крајот би можела да има спротивен резултат“, пренесе Ројтерс.
Израел силно ја бомбардира Газа со воздушни напади од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, во кој загинаа над 1.400 луѓе.
Во воздушните напади на Израел загинаа повеќе од 5.000 Палестинци, соопштија властите во Газа.
Обама го осуди нападот на Хамас и ја повтори својата поддршка за правото на Израел да се брани, истовремено предупредувајќи за ризиците за цивилите во таквите војни.
Не е јасно дали Обама ја координирал својата изјава со американскиот претседател Џо Бајден, кој беше негов потпретседател осум години.







