Брачниот пар Благица и Александар Зикови од Штип вчера станаа родители на три момчиња и едно девојче.



Бебињата се родени на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје со помош на докторката Елена Ели Николовска која ја водела целата бременост, јави МКД.Мк

Бебињата се предвремено родени, но се во добра здравствена состојба. 

Оваа четворка е втора по 27 години во Штип. Првата родена четворка била во 1997 година.