Ризаов повикува на насилна промена на Уставот, оти „велепредавство на државно-националните интереси од ВМРО ДПМНЕ е невнесувањето на Бугарите“!

„Блокирањето на преговорите со ЕУ е велепредавство на националните и државни интереси од страна на ВМРО ДПМНЕ. Во вакви случаи на блокади на државните интереси и приоритети и во најдемократските држави се преземаат вонредни мерки, предвидени во уставот и законите, ако не може да се решат по демократски пат.“ – вели новинарот Ерол Ризаов во својата колумна со наслов „Кој е изненаден и навреден од амбасадорот Јан Коп“, која ја објави Дојче веле на македонски јазик, повикувајќи ја со вџашувачка дрскост и агресивност власта насилно да го промени Уставот и да ги внесе Бугарите во неговата преамбула.



Покрај другото, Ризаов пишува: Во изминатите 25 години СДСМ е на власт 10 години, период во кој не е направен некој поголем напредок во реализација на реформите. Меѓутоа, во последните неколку години се донесени одлуки, што доведе до до отпочнување на преговорите со ЕУ и голема можност за засилено спроведување на реформите, во кои се содржани сите клучни проблеми со кои се соочува Македонија, од владеење на правото и борбата со криминалот и високата корупција до екологијата.

Отстапките што се направени за постигнување на најзначајниот државен интерес продолжување на преговорите и спроведување на реформите беа повод за најголемата злоупотреба од страна на опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Тие остапки се прикажани како губење на идентитетските посебности на Македонците и изложеност на асимилација до исчезнување на македонскиот народ.

Ваквото блокирање на преговорите, е всушност, велепредавство на националните и државни интереси. И во најдемократските држави, во вакви случаи на блокади на државните интереси и приоритети, ако не може да се решат по демократски пат, се преземаат вонредни мерки предвидени во уставот и законите.