За девет месеци од 2023 година, 4.400 лица се откажале од руското државјанство, изјави директорот на Конзуларното одделение на Министерството за надворешни работи, Алексеј Климов.
Во интервју за РИА Новости, тој рече дека тоа е повеќе отколку во цела 2022 година, кога 4,3 илјади луѓе ги вратиле своите руски пасоши.
Во 2020 година имало 3,8 илјади такви луѓе, а во 2021 година – четири илјади, објави „Москва тајмс“.
Од почетокот на војната, вкупниот број на оние кои одбиле државјанство изнесува 8,7 илјади луѓе. Меѓу нив има и шест милијардери.
Климов додаде дека во првите девет месеци од 2023 година, 15.100 лица добиле руско државјанство во странство, од кои 12.500 деца се родени во мешани бракови.






