Поранешниот албански премиер Сали Бериша е обвинет за корупција и перење пари во врска со договорот за приватизација со имот во Тирана, објави Асошиетед прес.
Бериша синоќа сѝоопшти и дека му е изречена забрана за напуштање на земјата.
По истите обвиненија на меѓународниот аеродром во Тирана беше уапсен и неговиот зет, 50-годишниот Џамарбер Малтезе. И двајцата ја задржуваат својата невиност.
Според Бериша, обвинувањата немаат правна основа и се целосно политички.
Специјалното обвинителство за борба против корупција и организиран криминал соопшти дека зетот на Бериша ја искористил функцијата премиер за да приватизира земјиште во Тирана во сопственост на Министерството за одбрана на земјата и да им го врати на претходните сопственици, кои веднаш го продале на ниска цена на Малтези, кој изгради станови на земјиштето.
Sе работи за имот од околу 10.000 м2, во центарот на Тирана, кој е приватизиран во 2008 година за 100.000 долари, што според телевизијата е помалку од вредноста на гарсоњерата продадена на тој простор.
Бериша беше премиер на Албанија од 2005 до 2013 година.







