Хуманитарната ситуација во Газа е „катастрофална“, предупредија вчера пет агенции на ОН, посочувајќи дека болниците се „преоптоварени“ со ранети и дека децата „умираат со алармантна брзина“.
Светската здравствена организација, Светската програма за храна, УНИЦЕФ, Програмата за развој и Фондот за население потсетуваат во заедничко соопштение дека хуманитарната ситуација во Газа била „очајна“ и пред конфликтот што беше предизвикан од нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври. пренесува Индекс.хр .
„Катастрофално е денес“, додаваат тие, повикувајќи ја меѓународната заедница „да направи повеќе“ за да им помогне на луѓето во Газа.
Има уште многу малку време до нагло покачување на стапката на смртност поради појавата на болести и недоволните здравствени капацитети“, предупредуваат тие.
Појасот Газа, под израелска копнена, воздушна и морска блокада откако Хамас ја презеде власта таму во 2007 година, е сиромашна површина од 362 квадратни километри која е под „тотална опсада“ од 9 октомври од страна на Израел.
За Појасот Газа е исклучена водата, електричната енергија и нема нови достави со залихите на храна..
Првиот конвој со хуманитарна помош со 20 камиони, според ОН, влегол вчера од Египет преку граничниот премин Рафах, единствениот кон Појасот Газа кој не е во рацете на Израел.
Овој број е крајно недоволен, според ОН, кои сакаат 100 камиони дневно за 2,4 милиони жители на Газа лишени од сè.







