Портпаролот на Хамас изјави дека групата е подготвена да ослободи некои од заложниците заробени во Израел, но само под услов Израел да ја прекине воената операција во Газа, објави руската служба на Би-Би-Си.



„Подготвени сме да ослободиме цивили, но сакаме израелските војници да ја запрат агресијата“, изјави членот на Политбирото на Хамас Мохамад Назал.

Тој ги подели заробениците во три категории: цивили, војска и доселеници и рече дека Хамас е подготвен само да разговара за ослободување на цивилите.

Еден ден претходно, радикалната исламистичка група ги ослободи првите двајца заложници – Американките – по преговори со посредство на Катар.

Уште двесте луѓе остануваат заробени од Хамас.

Во саботата, израелската војска го ажурираше бројот на заложниците. ИД проценува дека исламистите држат 210 лица, а не 201 како што беше објавено претходниот ден.