Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант претстави акционен план кој не вклучува долгорочна окупација на Газа.
„Ќе има три фази.
Сега сме во првата, која е воена кампања која во моментов вклучува напади, а подоцна ќе вклучува и маневрирање. Целта е да се неутрализираат терористите и да се уништи инфраструктурата на Хамас.
Втората фаза би вклучувала операции со помал интензитет за искоренување на оперативците на Хамас, а
Третата би вклучувала повлекување на Израел и воспоставување нова безбедносна реалност за израелските граѓани“, рече Галант, според Волстрит журнал. Но министерот не даде детали. .
Најавата на Израел е временски ограничен план за акција во Газа, но тоа не значи дека мисли дека ќе избегне ескалација на конфликтот.
Израел нареди евакуација на град во близина на границата со Либан, што значи дека смета на друг фронт.







