Лидерот на грчките радикали Киријакос Велопулос ги повика тајните служби и грчката полиција да се пресметаат со ,,Лажните Македонци”.
Велопулос кој е лидер на грчката парламентарна партија ,,Грчко решение” реагира на Форумот за човекови права што денеска во Солун го организираат Македонската Дијаспора и неколку невладини организации од Грција.
Велопулос кој е лидер на грчките ултранационалисти бара будење на грчките служби за безбедност кои треба да се пресметаат со ,,Лажните Македонци”.
,,Денеска имаме огромен предизвик во Солун и нашата Македонија! Срам да им е, срам да им е! Познатиот „Поп Царкњас“ одржува конференција за лажните Македонци! Тајните служби спијат, полицијата спие, само ,,Грчко решение”! СРАМ ЗА СИТЕ, СРАМ ЗА Неа Демократија и Мицотакис”, објавува Велопулос.
Партијата Грчко Решение има 12 од 300 пратеници во грчкиот парламент и еден пратеник во Европскиот парламент.
Киријакос Велопулос (1965 година) е член на грчкиот парламент и е претседател на политичката партија Грчко решение од нејзиното основање во 2016 година.
Велопулос е поранешен парламентарец на Народното православно движење (ЛАОС) и поранешен член на Нова демократија. Тој е и новинар, автор и телевизиска личност.
Архимандритот Царкњас кој е еден од водечките македонски активисти во Егејска Македонија е еден од говорниците на денешниот Форум за човекови права во организација на Обединетата македонска дијаспора што се одржува во Солун.





