Tранспортот на хуманитарна помош за Газа е започнат и граничниот премин Рафах е отворен, пренесува Der Standart.
„Хуманитарниот конвој кој треба да пристигне денеска вклучува дваесет камиони со лекови, медицински материјали и ограничена количина конзервирана храна“, се вели во денешното соопштение на канцеларијата за медиуми на владејачката терористичка организација Хамас во Појасот Газа.
Извор од американската амбасада во Израел изјави за Би-Би-Си дека според нивните информации преминот треба да биде отворен во 10 часот по локално време.
Не е одредено време на затворање на границата.
Истовремено, американската амбасада во Израел соопшти дека , ќе се дозволи излез од Газа на луѓе со двојно државјанство или странци во спротивна насока.
Преминот требаше да биде отворен вчера.
Преминот Рафах меѓу јужниот дел на Газа и Египет е единствениот коридор преку кој Израелците се согласија да дозволат помош во опколената палестинска енклава.






