Мерко се суди со Ќоку, му ја “нарушил честа“ со зборот „корумпиран“ – Колкава му е „душевната болка“ и од Стејт Департментот, кога ќе го тужи и него?

„Во Основниот суд во Струга вчера, на 20 октомври 2023 година се одржа првото судско рочиште, на кое се соочија Рамиз Мерко, градоначалник на општина Струга, и Беким Ќоку, активист, советник на премиерот на Косово Албин Курти и претставник за Македонија на косовската политичка партија Движење Самоопределување (Ветевендосје).“ – објави ТВ Клан Македонија во својата информација со наслов „Мерко го тужи советникот на Курти! – овој му рекол дека е ‘корумпиран’.“



ТВ Клан Македонија пишува: „Беким Ќоку е тужен за клевета од градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко. Во една своја објава на фејсбук Ќоку напишал дека Мерко е корумпиран. Тоа го погодило Мерко, поднел тужба против Ќоку и побарал одговорност од него во судот. Ќоку кажа пред струшкиот суд дека ова рочиште уследува по 4 месеци, откако американското Министерство за надворешни работи-Стејт департментот го прогласило Рамиз Мерко како ‘непожелна личност’ – ‘персона нон грата’ токму поради корупција и интервенирање во судството.

Тој, обвинет од Стејт департментот за голема корупција, ме тужи мене за корупција. Тоа се невидена иронија и сарказам, како и и бесрамност од апсолутната власт, која ја има овој човек во Струга и * Македонија. Рамиз Мерко е дел од еден премногу расипан систем. Тоа го велат сите анкети, сите истражувања, тоа го велат европската заедница и Стејт Департментот. Дури и да го добие судскиот процес против мене, испаѓа дека јас сум имал право и оти и Стејт Департментот имал право кога го обвинува за интервенирање во судството. Ако Мерко го загуби судењето, тоа ќе ми потврди дека сум имал право кога сум го нарекол ‘корумпиран’. Мерко губи и во двата случаја.“ – изјави Беким Ќоку.“

„Рамиз Мерко не даде изјава за медиумите, но на првото рочиште во струшкиот суд кажа дека објавите на Ќоку на фејсбук ги вознемириле него и неговото семејство. Ова судско рочиште заврши по воведните зборови на двете страни. Главното судско рочиште е закажано за 24 декември 2023 година.“

Инаку, во своја статија од 25 јуни годинава со наслов „Мерко тужел сограѓанин, оти го нарекол ‘корумпиран и оти доживеал душевна болка –не кажува дали ќе го стори истото и за Стејт Департментот на САД“ информативната агенција „Макфакс“ цитираше наводи од тужбата на Мерко дека „со својата објава за неговата ‘корумпираност’ Ќоку сторил груба клевета и навреда, со кои се нарушуваат честа и угледот на тужителот Рамиз Мерко“. Во свое психијатриско вештачење психијатарот Изабела Филов навела дека „поради тоа Мерко доживеал стрес, душевна болка и вознемиреност.“