ЕУ треба да пресече: Дали бугарскиот данок на рускиот гас ќе ги зголеми цените

Македонија во неизвесност откако Бугарија воводе нов данок за увоз и пренос на рускиот гас преку гасоводот Турски тек, на кој остро реагираа Србија и Унгарија, објави РСЕ. Претставници на енергетски институции во земјава велат дека оваа одлука ќе влијае врз цените на гасот во земјава, а дел експерти сметаат тоа нема да се случи поради либерализација на пазарот на природен гас. Државните институции засега не даваат никакви одговори.



Македонските институции официјално немаат добиено никакви информации околу новиот данок што го воведе Бугарија за увоз и пренос на рускиот гас преки гасоводот „Турски тек“, но посочуваат дека сите засегнати страни во моментов водат интензивни разговори.

Ниту Владата, ниту државното Акционерско друштво за вршење на пренос на природен гас (НОМАГАС АД Скопје) не даваат конкретни одговори на прашањата на Радио Слободна Европа дали и како одлуката на Бугарија ќе влијае врз цените на природниот гас во Северна Македонија, со оглед дека земјава се снабдува со гас само преку еден цевковод преку Бугарија.

Официјално немаме добиено никаква информација и бидејќи во моментов се водат интензивни консултации со сите засегнати страни, но и заради сензитивноста на темата, во овој момент не можеме да дадеме одговор на вашето прашање“, вели во одговор за РСЕ извршниот директор на НОМАГАС Бајрам Реџепи.

Единствено претседателот на Регулаторната комисија за енергетика одговори дека одлуката на Бугарија секако ќе има ефект врз цените во Северна Македонија, но и тој не дава повеќе детали упатувајќи дека одговори треба да дадат двата снабдувачи со природен гас во земјава – приватната компанија Макпетрол и државната Електрани на Македонија (ЕСМ Снабдување) кои имаат договори пак со нивните снабдувачи.

Бислимовски вели дека најголем дел од гасот што доаѓа во земјава низ интерконективната врска со Бугарија е руски, а помала количина има од други извори како на пример од терминалите на Азербејџан, aнализа РСЕ.