Меџити: Песимист сум за уставните измени, како и Пендаровски! – Албанската опозиција ќе има заеднички кандидат на претседателските избори!

„Својот песимизам во врска со усвојувањето на уставните измени го искажа и лидерот на Демократското движење Изет Меџити. Осврнувајќи се на вчерашната изјава на претседателот Стево Пендаровски, Меџити кажа дека и шефот на државата констатирал оти нема политичка волја за спроведување на уставните измени.“објави ТВ 21.



ТВ 21 пишува: Во врска со ставот на Пендаровски: Уставни промени нема да се случат! Јас сум добро информиран реалист

„Претседателот на државата Пендаровски синоќа констатира дека нема волја за уставни измени. Уставните измени се само параван да се продолжи со отворањето колку е можно повеќе казина, за уште поголема корупција, со изнуда и такви појави.“ – нагласи Изет Меџити.

Тој најаваи дека опозицискиот блок на албанските политички партии ќе се натпреварува со заедничка листа на претстојните парламентарни избори, додавајќи и дека на претседателските избори албанската опозиција ќе има заеднички кандидат.

„Ние, како албанска опозиција, ќе излеземе со заеднички листи, албанските партии. Имаме и одлука дека ќе излеземе и со кандидат за албански претседател, но ќе видиме кој ќе биде. Анализираме дали ќе биде внатре од од структурите, или треба да биде експерт во областа, односно независен интелектуалец.“ – рече меѓу другото Меџити, додавајќи дека, како политички субјект сметаат дека е подобро парламентарните избори да се одржат заедно со претседателските.