Хасипи: Владата ja изгуби врската со реалноста! – Груби е вицепремиер, а не менаџер за маркетинг во „Бехтел-Енка“!

„Дека оваа Влада го изгубила патот во сопствениот двор не е новост. Дека оваа Влада нема врска со реалноста, исто така, не е веќе новост. Многу медиуми го објавија повикот на вицепремиерот Артан Груби за  пријавување за вработување во компанијата ‘Бехтел-Енка’, заради изградба на коридорите 8 и 10. Но, ова не е работа на вицепремиерот, кој на секои два дена ѝ врши тортура на јавноста со повиците за вработување во една приватна компанија.“ – вели новинарот од Тетово Урим Хасипи во својата колумна со наслов „Артан Груби е вицепремиер, или менаџер за маркетинг во ‘Бехтел-Енка’?“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА



Хасипи пишува: „Бехтел-Енка“ не е државно јавно претпријатие, за да се врши маркетинг за неговите потреби, туку е приватна компанија, која се стреми да стаса до јавните пари на граѓаните на * Македонија, бидејќи коридорите 8 и 10 Д се градат со наши пари.

Артан Груби веќе ја презеде улогата и на маркетингот во оваа компанија. Но, зошто Груби и другите не се огласуваат со повици за вработување и во државните јавни претпријатија? Во Јавното претпријатие за државни патишта има многу работници, кои работат со договор на дело на терен и тие немаат решение за работа на неопределено време. Решете ги проблемите во институциите, што ги водите, пред да упатувате повици за вработување во странски компании.

До сега „Бехтел-Енка“ нема ниедна реклама во нашите медиуми, не видела дека е разумно да спонзорира некој настан , било да е културен , или нешто слично. Маркетингот треба да биде одвоен и тоа не е работа на Владата.

Побарајте работници за „Бехтел-Енка“ и во Германија. Упатете ги вашите повици и во бирото за вработување во Германија. Таму ги имате сите кадри, кои заминаа поради разочараноста.“

Наместо Владата да троши време за маркетинг, треба да се интересира дипломците од универзитетите да наоѓаат достоинствена работа во земјата и да не заминуваат. Не е голема филозофија да се запре заминувањето на младината, вработувајте ја низ институциите со достоинствени плати, бидејќи „Бехтел-Енка“ денес е, а утре нема да биде.