Онолку за колку што се зголемени платите на функционерите, толку да биде и зголемувањето на платите на вработените во судската администрација.



На уште еден протест тие денеска побараа зголемување на платите за 78 отсто.

78% покачувањето беше овозможено откако откако Уставниот суд донесе одлука со која укинуваат два члена од Законот за плата на функционерите – имено на именуваните државни функционери односно министрите и нивните заменици, директорите и нивните заменици, премиерот, претседателот судиите…

Со целосна поддршка од ССМ, повеќе од 300 вработени и членови на УПОЗ од вкупно 390 во Јавните обвинителства кои штрајкуваат за зголемување на нивните плати и враќање на додатоците на плата, денеска излегоа на улица на протест заедно со Синдикат на УПОЗ .

Незадоволството е големо , а работниците го бараат истото што го имаат функционерите.