Демократското движење на Меџити го поддржува барањето за линеарно зголемување на пензиите за 5.000 и минимална пензија од 20.000 денари

„Демократското движење го поддржува барањето на пензионерите за линеарно зголемување од 5 илјади денари , како и за минимална пензија од 20 илјади денари. Од оваа партија велат дека ваквата одлука е неопходна, бидејќи потрошувачката кошничка за едно семејство достигнала вредност од 50 илјади денари.“ – објави ТВ 21.

ТВ 21 пишува: „Од 333 илјади пензионери 94 илјади, или една третина од сите пензионери, земаат пензија од првата група, во која спаѓаат приматели на пензија до 13 илјади. Владините функционери си ги зголемија платите за 78 отсто, кои им надминаа и повеќе од две илјади евра, а пензионерите имаат пензии, што не им се доволни ниту за лековите. Власта ги омаловажува и им става товар на семејствата на пензионерите, кои работеле чесно целиот живот!“, велат од Демократското движење.